Легендарниот Очоа со фантастични одбрани и по завршување на Мундијалот, Лацио дома шокиран

Еден од оние голмани кои посебно се истакнаа на Светското првенство е Гилјермо Очоа, кој успеа да му одбрани и пенал на Роберт Левандовски. Мексиканскиот чувар на мрежата продолжува со одличната форма и на клупско ниво, па така денеска беше најзаслужен што неговиот тим Салернитана освои бод во дуелот со Торино.

Средбата заврши 1:1, а Очоа имаше дури седум одбрани, од кои повеќето беа чисти позиции за погодок на Торино. Гостите доминираа, упатија дури 23 шута кон голот на Салернитана, од кои седум беа во рамките на голот, а Очоа само еднаш капитулираше.

Дел од одбраните на Очоа може да видите ТУКА.

Во останатите два меча кои се одиграа денеска во Серија А: Лацио – Емполи 2:2 и Специја – Лече 0:0. Вечерва од 20:45 часот се игра дербито меѓу Милан и Рома.

- Оглас -

Најнови вести