Легендарниот Пакмен се прости од боксот, сака да биде претседател на Филипини

Легендарниот Пакмен, Мани Пакјао, објави дека ја заврши боксерската кариера и дека сака да се кандидира за Претседател на Филипини во изборната трка закажана за следната година.

Пакјао е единствениот боксер во историјата што бил светски првак во 8 различни категории, а последната титула ја освои во 2019 година во велтер категорија, и тоа на 40-годишна возраст.

Според стилот на боксот што го практикуваше, Пакјао го сметаат за еден од најдобрите офанзивци на сите времиња, а го красеше и неверојатна брзина на ударите.

„Го слушнав алармот и завршувам со боксот. Никогаш не помилсував дека ќе дојде и овој ден кога ќе ги фрлам ракавиците за конечен крај на кариерата“, изјави Пакјао.

Во кариерата победуваше дури 22 светски шампиони, а има биланс од 62 победи, 8 порази и две нерешени борби.

- Оглас -

Најнови вести