Легендарниот Спанулис е нов селектор на Грција

Легендата на грчката кошарка, Василис Спанулис, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на оваа земја. Спанулис доби двегодишна доверба од челниците на тамошната федерација.

Спанулис доаѓа на местото на Димитрис Итудис, кој беше на клупата за време на неодамна завршеното Светско првенство. Главна цел за Спанулис ќе биде да ја одведе репрезентацијата на завршницата на Европското првенство во 2025 година, како и да избори место на Олимписките игри кои следната година ќе се играат во Париз.

Легендата на Олимпијакос пред една година ја започна тренерската кариера во екипата на Перистери, а сега доби доверба да биде на чело на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести