Легендата ги опиша со еден срамотен збор, а газдите на Њукасл веќе бараат нов тренер (ФОТО)

И покрај тоа што има речиси неограничени средства за трансфери на фудбалери и нов тренер, Њукасл се наоѓа во тешка ситуација.

Доаѓањето на Еди Хау не ги промени работите кон подобро, а тоа особено се увиде по вчерашниот пораз од Лестер, каде што примија четири погодоци.

Според медиумите од Островот, газдите на Чавките размислуваат за промена на Хау, којшто не ги исполни очекувањата сега за сега, иако беше назначен за предводник пред околу еден месец.

Легендата на овој тим, Алан Ширер, го опиша Хау и целиот тим со еден збор, а тоа е „ѓубре“.

Останува да се види дали газдите од Саудиска Арабија ќе се одлучат за промена на Хау.

Тимот досега има само 10 бода и со 34 примени погодоци ја има и најлошата дефанзива во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести