Легендата Леман одбра страна во војната помеѓу Нојер и Тер Штеген

Марк-Андре Тер Штеген, голманот на Барселона, пред септемврискиот циклус квалификации за ЕП 2020 искажа незадоволство од својот статус во националниот тим – смета дека не треба да му биде резерва на Мануел Нојер.

Во вербалната војна на двајцата одлични чувари на мрежата се вклучи и Јенс Леман, кој застана на страната на голманот на Баерн.

„Мануел е подобар, покомплетен е. Ако загубам со 0-4 од Ливерпул, тогаш не би имал никакви барања. Јас станав прв голман на репрезентацијата кога наполнив 27 години. Има време за Тер Штеген“, смета Леман, кој долго му беше резерва на Оливер Кан и знае како му е на Тер Штеген, но предност му дава на Нојер.

Синоќа Тер Штеген имаше неколку бравурозни интервенции и ја спаси Барса од пораз од Борусија Дортмунд, а одбрани и пенал.

- Оглас -

Најнови вести