Легендата на Арсенал кажа збогум: Тео Волкот ја заврши фудбалската кариера (Видео)

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тео Волкот, му кажа збогум на фудбалот и одлучи да замине во пензија.

„Ќе ги обесам копачките на клин. Чувството е страшно, не можам да лажам … Застрашувачко, бидејќи фудбалот е единственото нешто што го знам од моите 16 години, можеби и од претходно. Сакам да пробам работи кои не сум ги пробал како дете, многу пропуштив. Сакав да го вкусам животот“, рече Волкот.

Десното крило оди во пензија на 35 години како фудбалер на Саутхемптон, но ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи кои ги имал Арсенал. За Топчиите одигра 397 натпревари, на кои постигна 108 гола, додека за Евертон и Саутхемптон одигра дополнителни 170 натревари на кои постигна 24 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести