Легендата на Барса прави сензационален камбек

Дани Алвес е пред камбек во Барселона. Легендарниот бразилски десен бек, кој најголемите успеси во својата кариера ги имаше токму во овој дрес, ќе се обиде да им помогне да излезат од кризата во која се наоѓаат.

Според одредени информации, Бразилецот ќе потпише договор до крајот на оваа сезона, а доколку двете страни бидат задоволни, тој може да биде продолжен.

Алвес, којшто важи за најтрофеен фудбалер во светот, се прослави токму на „Камп ноу“, а во моментов е слободен агент, откако му истече неговиот договор со бразилскиот Сао Пауло.

- Оглас -

Најнови вести