Легендата на Барселона и Манчестер сити на тренинг со четвртолигаш

Еден од најдобрите играчи на својата позиција во светски рамки во последниве 20-тина години, Јаја Туре уште не се откажува од фудбалот. Некогашниот играч на Барселона и капитен на Манчестер сити, започна да тренира со екипата на Лејтон Ориент која игра во четвртата лига во Англија.

Легендарниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска моментно е без клуб и со тренинзите во четвртолигашот сака да ја задржи формата. Туре последен пат играше во Кина за тимот на Чингдао Хајн со кој успеа да се избори за влез во Првата лига.

Во екипата на Лејтон Ориент никој не верувал дека Туре навистина ќе тренинра со нив. Тренерот мислел дека е некоја шега, но дури кога контактирал со менаџерот на Туре, сфатил дека прославениот фудбалер навистина ќе биде дел од нивните тренинзи. И Туре е задоволен од приемот.

„Само сакам да уживам до последната минута затоа што фудбалот е сѐ за мене. Ми дозволија да тренирам со екипата. Тренерот е фантастичен. Сите ме пречекаа убаво и се чувствувам како да сум дома“, вели Туре.

 

 

- Оглас -

Најнови вести