Легендата на Ливерпул хоспитализиран, има Коронавирус

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, заврши во болница. Според пишувањата во англиските медиуми, Далглиш е позитивен на Коронавирусот.

Легендарниот играч е во ризичната група на луѓе и затоа бил пренесен во болница, иако засега е асимптоматичен, што е добар знак за 69-годишниот херој на англискиот гигант.

Далглиш до неодмна се подготвуваше за прослава на титулата во Премиер лигата, која точно 30 години се чека на „Енфилд роуд“. За жал, наместо титула, Далглиш сега има многу поважна битка, а тоа е да го победи Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести