Легендата на Ливерпул под неразјаснети околности доби отказ во Саудиска Арабија иако сезонава немаше пораз

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, а денес тренер, Роби Фаулер, доби шут-карта од саудискиот Ал-Кадисија иако оваа сезона нема пораз и беше прогласен за тренер на месецот.

Ал-Кадисија во моментов е на втората позиција во втората лига на Саудиска Арабија со ефект од шест победи и две нерешени средби, а отказот во секој случај не е поради резултатите, туку од некој друга причина која во моментов не е позната.

„Не ми е јасно зошто е сето ова, прашајте во клубот за повеќе детали“, кусо коментираше Фаулер пред новинарите.

Раководството на Ал-Кадисија веднаш го постави и наследникот на Фаулер, а тоа е Шпанецот Мичел Гонзалес.

- Оглас -

Најнови вести