Легендата на Реал ги одведе младите Кралеви до европска титула

Младинскиот погон на Реал Мадрид ја освои титулата во младинската Лига на шампиони откако екипата на Раул Бланко славеше со 3-2 во финалето против Бенфика до 19 години.

Младите Кралеви за првпат во историјата ја освоија европската круна и се приклучија на двократните прваци Челзи и Барселона, односно Порто и Салцбург, како освојувачи на натпреварувањето на УЕФА за играчи до 19 години.

Раул го одведе У-19 тимот до историската титула во својата прва сезона како тренер на младинскиот тим на клубот, каде што му почна блескавата кариера. Со ова може да се потврди дека Кралевите имаат сигурен наследник на Зинедин Зидан на клупата на 13-кратниот европски првак.

Бенфика пак го загуби и своето трето финале во младинската ЛШ, претходно губеше од Салцбург и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести