Легендата на Реал, Раул, го освои првиот трофеј како тренер

Раул Гонзалес, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, како играч се радуваше на сите најважни трофеи, а сега може да се пофали и со пехар како тренер. Раул од пред еден месец го предводи тимот на Реал Мадрид за играчи до 19 години, а сега веќе се радува на шампионскиот пехар.

„Овие момци имаа одлична сезона. Голема чест ми е што сум дел од оваа екипа“, рече Раул по освојувањето на трофејот. Легендарниот голгетер не заборави да го спомене Алваро Бенито, кој ја водеше екипата пред Раул да седне на клупата. „Ова е за тебе пријателе“, додаде Раул.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Реал веќе три години работи како тренер во младинските категории на Кралскиот клуб, а многумина веруваат дека тој може да го има истиот успех што го направи Зинедин Зидан. Популарниот Зизу на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ дојде од тимот Б на Реал и освои три титули во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести