Легендата се поклони пред Меси (Видео)

Лионел Меси речиси две децении доминира во светскиот фудбал и уште ги восхитува навивачите со своите игри. Така беше и на дуелот против Бенфика, кога Меси даде гол во ремито 1:1 на ПСЖ против Бенфика. Со овој погодок, Меси постави еден неверојатен рекорд во Лигата на шампионите.

Гостувањето на Меси во Лисабон беше можност легендарниот португалски фудбалер Пауло Футре да покаже што мисли за Аргентинецот и неговата кариера. Кога се појави Меси, Футре веднаш му се поклони, а потоа со насмевка и го прегрна. Футре доби и автограм од Меси.

Футре е легенда на португалскиот фудбал, кој во фудбалската кариера играше за трите тамошни гиганти. Кариерата ја почна во Спортинг, а потоа играше и за Порто и Бенфика.

Најдобрите фудбалски денови Футре ги помина во дресот на Атлетико Мадрид во периодот од 1987 до 1993 година, а повторно меѓу Јорганџиите беше и во сезоната 1996/97. Играше и за Реџина, Марсеј, Милан, Вест хем и Јокохама. За репрезентацијата на Португалија одигра 41 меч, во кои постигна шест гола.

Футре е една од главните алки во еден од најконтроверзните трансфери во историјата на фудбалот. Во 2000 година тој беше главен кој успеа да го убеди Луиш Фиго од Барселона да направи трансфер во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести