Легендата се враќа: Тони Крос започнува тренерска кариера во Реал Мадрид?!

Тони Крос беше дел од Реал Мадрид 11 години и одигра 465 натпревари за „кралевите“ пред да се пензионира во 2024 година. Сепак, неговото име се уште гласно одекнува на „Сантијаго Бернабе“, а шпанските медиуми најавуваат негово враќање.

Флорентино Перес е во постојан контакт со легендарниот Германец и прави се за да го врати во Мадрид. Крос има понуда да започне тренерска кариера во академијата на Реал Мадрид. Претседателот на „кралевите“ има план еден ден легендата на клубот да ја преземе и првата екипа по големите проблеми и тренерската вртелешка оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести