Легендата „удри“ по богаташите: Џабе ви се скапаните пари кога не можете да ја освоите Лигата на шампионите

Манчестер сити и Пари Сен Жермен вложија неверојатни суми пари изминатава декада, но освен домашните првенства, во евронатпреварувањата сè уште немаат успех.

Двата тима ако се собере заеднички, имаат инвестирано над милијарда евра, а досега имаат два порази во финалињата од Лигата на шампионите.

Фудбалската легенда на Баерн Минхен и поранешен директор на овој тим, Ули Хенес, распали по овие два тима и за нивното неконтролирано трошење.

„Џабе ви се скапаните пари кога не можете да ја освоите Лигата на шампионите. Досега немате ништо освоено и се надевам дека така и ќе остане, за доброто на фудбалот“, изјави Хенес во еден од подкастите на националното германско радио.

Како што е познато, Манчестер сити изгуби во минатосезонското финале од Челзи со 1:0, а тоа му се случи и на ПСЖ против Баерн Минхен минатата година.

 

- Оглас -

Најнови вести