Легендите на Челзи во трка за тренерската позиција на англиски второлигаш

Легендите на Челзи, Џон Тери и Френк Лампард, се во трка за менаџерската позиција во Борнмут, тврдат англиските медиуми. Некогашните англиски ѕвезди конкурираат за пополнување на местото во второлигашот кое остана празно по отказот на Џејсон Тиндал.

Лампард неодамна остана без работа откако беше разрешен од позицијата тренер на првиот тим во Челзи, па сега има прилика повторно да менаџира во Чемпионшип лигата, ако се знае дека беше предводник на Дерби каунти во сезоната 2018/19.

Што се однесува за Тери, тој веќе две и пол години му е десна рака, односно прв асистент на Дин Смит во Астон вила, но ова му е прилика првпат да работи самостојно.

Црешите во меѓувреме западнаа во резултатска криза и брзо им е потребен тренер кој ќе може да ја одведе екипата во разигрувањата за пласман во Премиер лигата. Борнмут се наоѓа на шестото место по 27 кола во Втората англиска лига со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести