Легендите Тајсон и Холифилд пак еден до друг, овојпат немаше гризење уво

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, објави фотографија со својот некогашен лут ривал Ивандер Холифилд.

Нивната последна борба пред 27 години беше легендарна и незаборавна поради неспортскиот потег на Тајсон, кој во немоќ му одгриза дел од увото на Холифилд, кој беше шампион во две различни тежински категории.

„Поминавме долг пат од борбата со гризнувањето“, напиша Тајсон на социјалните мрежи.

Тој и Холифилд се насмеани, а пораката на Холифилд под објавата е: „Те сакам Мајк“ и доби огромен број лајкови.

Скандалозната и незаборавна тепачка се случи во јуни 1997 година. Во третата рунда од реваншот, Тајсон за време на клинч му одгриза дел од десното уво на Холифилд и го плукна на подот од рингот. Тајсон беше дисквалификуван и казнет со 3 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести