Легија го освои Купот, на трибините имаше вистинско шоу (Видео)

Фудбалерите на Легија од Варшава се победници во Купот на Полска откако дури по изведувањето на пеналите го совладаа Раков. Ова за најтрофејниот полски клуб е вкупно 20-ти трофеј од најмасовното натпреварување во Полска.

Сепак, натпреварот за освојувачот на трофејот започна лошо бидејќи Рибеиро уште во шестата минута доби директен црвен картон. Тоа значеше дека Легија до крајот на мечот ќе се брани и ќе се обидува преку контранапади да го загрози противничкиот.

На дуелот немаше голови ниту во регуларните 90 минути, ниту во продолженијата од двапати по 15 минути. Во пенал-серијата, интересно, првите 10 удари беа реализирани, а победникот беше одлучен во шестата серија. Најпрво Навроцки реализираше за водство на Легија од 6-5, а Вдовјак промаши за голема радост помеѓу фудбалерите и навивачите на Легија.

- Оглас -

Најнови вести