Легнувај на трева, напаѓаат пчели! (Видео)

Еден фудбалски натпревар во африканската држава Танзанија, беше прекинат во траење од осум минути, затоа што огромен рој пчели почнаа да летаат над теренот и ги загрозија сите присутни на терен и на трибините.

Средбата од третото коло на купот помеѓу Јанг Африканс и Иринга јунајтед, која заврши со 4-0 за Младите Африканци, беше прекината во 52-ра минута, кога на теренот и на трибините на стадионот во Дар Ес Салам се случи хаос, по вина на пчелите.

Некои фудбалери легнаа на терен или на атлетска патека, други бегаа во соблекувална, а публиката бегаше каде ќе стигне. Прекинот на мечот траеше 8 минути, а некои играчи пријавиле убоди од пчелите, за среќа без посериозни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести