Лех има победнички шарм

Панче Ќумбев верува во комплетна доминација на домашните екипи на неговиот нов викенд-тикет за натпреварите од европските првенства. Две единици во Полска и по една во Англија, Италија и Шпанија е предлогот на нашиот поранешен познат фудбалер.

Лех – Заглембје Лубин (петок, 20.30 часот)

Лех Познањ е одличен на свој терен кога се работи за полската Екстракласа. Заглембје е доста солиден тим, меѓутоа овде фаворит е Лех. Типувам единица.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Кристал палас – Вест хем (сабота 16 часот)   

Овде предност би им дал на домашните поради подобрата форма во последните неколку кола, како и поради слабите резултати на Вест хем на гостински терен. Лондонското дерби ќе му припадне на Кристал палас.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Лехија Гдањск – Погоњ Шчецин (сабота, 20.30 часот)  

Домаќинот верувам дека ќе ја продолжи борбата за титулата со Легија Варшава. Имаат одличен состав и играат доста добро на домашен терен. Од друга страна, Погоњ по слабиот старт на сезоната е сосема друга екипа и играше одлично во завршниот дел од есенската полусезона и во подготвителниот период. Ќе биде тврд орев за домаќинот, но верувам во домашен кец.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Болоња – Џенова (недела, 12.30 часот) 

Доаѓањето на Синиша Михајловиќ на чело на Болоња се покажа како добар потег. Верувам дека по одличната партија против Интер и триумфот од 1-0, домаќините ќе продолжат победнички. Ќе ги освојат трите бода против Џенова и ќе побегнат од опасната зона.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

Севилја – Еибар (недела, 18.30 часот)  

Едно е сигурно овде. Севилја никогаш не е поразена од Еибар на свој терен. Мислам дека така ќе биде и овојпат. Типувам единица и сигурен од на Севилја меѓу првите четири екипи во Ла Лига.

Предлог тип: 1 (1.72)

 

- Оглас -

Најнови вести