Леива останува во Лацио до 2022 година

Лацио ја потврди обновата на соработката со Лукас Леива, Бразилецот ќе игра на „Олимпико“ најмалку до 2022 година. Леива пристигна во Рим во 2017 година за сума од шест милиони евра откако во претходната деценија ги бранеше боите на Ливерпул.

За кратко време Леива се истакна како важен играч за тренерот Симоне Инзаги, па токму затоа клубот одлучи да му го продолжи договорот. Тоа значи дека Бразилецот ќе ја надмине границата од 100 натпревари во дресот на Лацио, досега настапи на 81 натпревар постигнувајќи четири гола за Небесно-сините.

По 10 години во дресот на Ливерпул, Леива не освои ниту еден трофеј иако Црвените играа по едно финале во Лига Купот на Англија и во Лигата на Европа, додека до одличје стигна во дебитантската сезона во Лацио освојувајќи го Суперкупот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести