Лејкерс гостува во салата каде што последен пат победи во 2015 година

Јута џез – ЛА лејкрес (03ч – НБА)

Солт Лејк сити е местото каде што Езерџиите често се дават. Во домот на Јута не паметат победа од февруари 2015 година, што значи дека Џејмс, Дејвис и дружината ќе треба да одиграат на МВП ниво за да не се скршне од патот кон брз пласман во плејофот. Лејкерс како најефикасни од Западот се во мисија да им го нанесат само вториот домашен пораз на Џезерите, а знаејќи дека се во низа од девет гостински победи, јасно е дека го имаат потребниот рецепт за остварување на мисијата.

Јута само што се врати од турнеја, во која запиша четири порази и само еден триумф, па може да се каже дека играчите не се максимално фокусирани за да одговорат на следниот предизвик.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

Јанис Адетокумбо (Детроит пистонс – Милвоки бакс, 01ч – НБА)

Најдобриот кошаркар на Истокот за минатиот месец е во извонредна форма, се гледа и по учинокот на Милвоки. Адетокумбо сигурно ги предводи Елените кон зацврстување на лидерската позиција во Конференцијата, кои се на добар пат да ја остварат 13-тата последователна победа.

Во оваа победничка серија Детроит еднаш претрпе разочарување, но во тој меч Грик Фрик беше за нијанса под просекот, за помалку од 28 минути реализира дабл-дабл од 28 поени и 10 скока. Ноќеска се очекува од фаворитот за МВП-наградата да биде на потребното ниво и воедно да ја продолжи традицијата против Пистонс на 10 победи во низа.

Предлог тип: Адетокумбо >30,5 поени (1.87)

 

Бостон селтикс – Мајами хит (01:30ч – НБА)

Келтите се перфектни на домашен терен во досегашниот тек од сезоната, имаат седум победи на исто толку средби, а Мајами е осмиот тим кој ќе гостува во „ТД гарден“ во обид да го приреди првото изненадување. Жешките имаат солиден учинок во 12 досегашни гостувања, во кои бележат скор од 7-5.

Сепак, во Масачусетс не се чувстуваат удобно, а тоа е шанса за Бостон да ја забележи четвртата домашна победа против некогашниот првак. Со евентуален триумф Селтикс може и да ја преземат третата позиција на Истокот од Мајами.

Предлог тип: хендикеп 1 -6,5 поени (1.88)

 

Далас маверикс – Минесота тимбервулвс (02:30ч – НБА)

Далас ноќеска ќе го одигра 11-тиот меч на домашен терен сезонава, а во него ќе влезе во добра форма по трите гостински победи над Феникс, Лејкерс и Њу Орлеанс. Лука Дончиќ пред домашната публика ќе може да приреди ново шоу и да покаже зошто е избран за најдобар играч за ноември во Западната конференција.

Волците не се во посакувана форма, но се меѓу подобрите екипи со позитивен гостински учинок. На последните пет гостувања во Тексас, Минесота трипати успеа да слави, меѓутоа Далас се разигра во добар момент и нема намера да застане тука.

Предлог тип: 1-1 (2.05)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс, 04ч – НБА)

На Лилард му падна просекот во поени откако Портланд влезе во криза и во 12 меча оствари само две победи. Токму затоа Блејзерс заостануваат од местата за плејофот во раната фаза од сезоната, но и Сакраменто не може да се пофали со добра позиција на табелата.

Кралевите ноќеска ќе бидат десеткувани без Богдановиќ и Фокс, што е шанса за Лилард да го предводи шоуто и да ги покаже шутерските квалитети. Одамна не одиграл меч во кој блескал со 40 или повеќе поени, а можеби токму сега ќе се појави во вистинско светло.

Предлог тип: Лилард >24,5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести