Лејкерс и Бруклин преговараат интересна бековска трампа, Минесота доби „кули близначки“

Преодниот рок во НБА лигата станува интересен. После официјализацијата на трампата со која Руди Гобер од Јута прејде во Минесота, па во тимот се формираа „кули близначки“ Гобер и Карл Ентони Таунс, сега Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин нетс подготвуваат супер размена на бекови.

Од Нетс во Лејкерс треба да замине Кајри Ирвинг, а нов член на Мрежичките треба да стане Расел Вестбрук, кој не се снајде кај Езерџиите.

Ирвинг е близок пријател со Леброн Џејмс со кого заедно освоија титула во дресот на Кливленд, но за да се реализизра трампата, ќе треба согласност од Бруклин во Лејкерс да го испрати и Сет Кари.

- Оглас -

Најнови вести