Лејкерс немоќни против Јанис, Гркот им правеше што сака (Видео)

Милвоки бакс го доби дербито на вечерта во НБА-лигата против Лос Анџелес лејкерс, Елените победија со 109-102, а Јанис Адетокумбо постигна 47 поени и беше нерешлива енигма за Езерџиите. За Гркот ова е сезонски рекорд, а имаше и девет скока.

На Лејкерс не им помогна ниту одличниот Хортон Такер со 25 поени и 12 скока, ниту Расел Вестбрук со 19 поени и 15 асистенции, ниту Ентони Дејвис со 18 поени и девет скока. Сите нив ги засени Адетокумбо, кој беше маетрален и покажа дека Лејкерс без Леброн Џејмс тешко можат да се борат за титула.

Најопасен тим во моментов во НБА е Феникс санс, кој првпат по 10 години има серија од 10 победи по ред. Синоќа Сонцата ги изгореа Дивите телиња од Далас со 105-98. Девин Букер со 24 поени, Деандре Ајтон со 19 поени и 13 скока и Крис Пол со 14 асистенции, од кои седум во последната четвртина, беа творци на победата. Ајтон на 186 меча во кариерата има 100 дабл-дабли и тоа е клупски рекорд на Санс.

Кај Далас, за првпат сезонава не играше Лука Дончиќ (има повреда на левото колено), и тоа беше голем хендикеп.

Погледнете дел од поените на Адетокумбо против Лејкерс:

- Оглас -

Најнови вести