Лејкерс со лекција за шампионот, Њујорк по две продолженија стигна до деветтата победа во низа (Видео)

Лос Анџелес лејкерс покажа дека и без Леброн Џејмс може да одигра одличен меч. Лејкерси на свој терен го пречекаа актуелниот првак Голден стејт, во чии редови се врати Стеф Кари, па гостите беа фаворити за триумф.

Сепак, на теренот ситуацијата беше поинаква. Голден стејт поведе со 5:2, а потоа следуваше шоу на домаќините, па во еден момент од првата четвртина на семафорот резултатот беше 32:12. Интересно е дека Воините до полувремето успеаја да се вратат во игра и по првите две четвртини, резултатот беше 55:54 за домаќинот. Голден стејт успеа и да израмни на 57:57, но веднаш потоа следуваше серија од 10:0 и ново двоцифрено водство на Лејкерс. Во последната четвртина, домаќините постојано имаа контрола на резултатот, па иако ниеднаш немаа предност поголема од девет разлика, на крајот стигнаа до посакуваниот триумф.

Дејвис со 39 поени, осум скока и шест асистенции беше предводник на домашниот тим, додека кај гостите Кари постигна 27 поени, а Томпсон додаде 22 поени.

Во најнеизвесниот меч кој се одигра ноќеска, Њујорк на гости по две продолженија славеше против Бостон со 131:129. Имануел Квикли на теренот помина 55 минути, во кои постигна 38 поени, предводејќи го Њујорк до деветтата победа по ред. Кај гостите одлични беа и Рендл со 31 поен и Барет, кој постигна 29 поени.

Резултати: Лос Анџелес лејкерс – Голден стејт 113:105, Бруклин – Шарлот 102:86, Орландо – Портланд 119:122, Хјустон – Сан Антонио 142:110, Оклахома – Јута 129:119, Бостон – Њујорк 129:131 по две продолженија, Вашингтон – Милвоки 117:135, Лос Анџелес клиперс – Мемфис 135:129.

- Оглас -

Најнови вести