Лејкерс ваков успех чекаше 10 години!

Лос Анџелес лејкерс се пласираше во финалето на западната конференција од плејофот во НБА лигата, откако со 4:1 во победи беше подобар од Хјустон рокетс. Во петиот меч кој се покажа и како последен, Лејкерс од почетокот до крајот имаше водство и на крајот заслужено победи убедливо со 119:96.

Уште во првата четвртина фаворитот започна силовито и поведе со убедливи 33:14, а потоа речиси во текот на целиот меч разликата беше двоцифрена. На почетокот на последната четвртина предноста стигна и до највисоки 30 поени (101:71), па завршницата беше само формалност.

Леброн Џејмс со 29 поени, 11 скока и седум асистенции беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Џејмс Харден даде 30 поени за Хјустон, но тоа беше премалку, ако се знае дека вториот најпрецизен кај поразените, Грин имаше само 13 поени.

Лејкерс сега го чека противникот во конференциското финале, а тоа треба да биде подобриот од Лос Анџелес клиперс – Денвер. Тимот од ЛА има предност од 3:2 и втора шанса вечерва да стигне до четвртата победа и да си закаже битка со градскиот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести