Лејкерс се откажаа од плејофот, Леброн ќе има ограничена минутажа

Леброн Џејмс ќе има скратена минутажа во последните 15-тина натпревари од регуларниот дел на сезоната во НБА-лигата откако шоумените од Ел-Еј, Лејкерс, ги загубија шансите за настап во плејофот.

Амбициозниот проект на Лос Анџелес лејкерс да се атакува на титулата со ангажманот на Леброн Џејмс е заглавен во безуспешните обиди да се засили екипата, која нема да игра во плејофот.

Кризата тргна непосредно пред Олстар-викендот во Шарлот во средината на февруари, кога Леброн бараше да се ангажира Ентони Дејвис, а понудата на Лејкерс за трампа со Њу Орлеанс беше безмалку половина екипа. Трејдот не успеа, Лејкерс потонаа во порази, а спас сега е помалата минутажа за Џејмс.

Според информациите на америкаснките медиуми, тој ќе игра десеттина минути помалку од стандардните 36 што како просек ги има сезонава во Лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести