Лекарите се чудат зошто „човечката сложувалка“ игра фудбал

Фудбалерот на Вилјареал, Санти Касорла, со асистенцијата до Карлос Бака за водство од 4-2 против Барселона покажа раскош од највисока категорија и покажа дека и на 34 години може врвно да игра, иако лекарите му препорачаа да се повлече. Дури и врвни специјалисти се чудат како може Касорла да игра.

Го сечеа, го прекројуваа, земаа од раката за да преместат на ногата, од бедрото на зглобот, како да треба да состават нов човек.

Reportaje a Santi Cazorla en Salamanca, donde se recupera de la lesión junto al fisío Juan Carlos Herranz. NO PUBLICAR SIN HABLAR CON FOTOGRAFÍA ++++

„Јас сум како човечка сложувалка. Дел од мускулот на левата нога ми е во десниот глужд, а дел од мускулот од десната нога во десната пета. Делот под лактот му е закрпен со дел од мускул од бедрото. Во стапалото имам метална плочка. Тетоважите веќе немаат смисол, буквите се како расфрлани“, вели Касорла, кој додека беше во Арсенал, пое една од бројните операции имал и бактериска инфекција.

„Но, го сакам фудбалот, јас сум фудбалски фанатик. Иако повредите и операциите ми одзедоа 636 дена кариера без да допрам топка. Лекарите не знаеја дали воопшто ќе можам да одам, а камоли да играм активно фудбал. Соиграчите ми ги гледаа лузните и ме прашуваа дали сум нормален, како ќе играм со таква нога“, додава некогашниот шпански репрезентативец кој во 2015 и 2016 размислувал да се повлече, но уште е активен.

- Оглас -

Најнови вести