Лекарите во Премиер лигата со ново предупредување

Пандемијата со Коронавирусот направи хаос во фудбалот и засега не се знае кога може да продолжи сезоната во домашните првенства. Лекарите на премиерлигашките клубови предупредуваат дека може да се случи масовно повредување на фудбалерите, доколку се направи забрзан систем на одигрување на мечевите, а потоа да нема ни доволно време за одмор пред почеток на новата сезона.

Во Премиер лигата како најоптимистичка варијанта е сезоната да продолжи на 1 мај, додека реалната ситуација вели дека фудбал може да нема до почетокот на јуни.

Повеќето од клубовите сакаат сезоната да финишира на 30 јуни за да не се случи проблем со оние играчи чии договори истекуваат на крајот од оваа сезона, а тоа во регуларни и нормални услови е на 30 јуни. Ако дотогаш не заврши сезоната, еден дел од фудбалерите нема да може да бидат на располагање на тренерите затоа што би биле без договор.

Ако некој тим игра и во европските купови, може да се случи да има и до три меча во една недела, односно да биде на терен на секои два дена. Во такво темпо, мускулите на фудбалерите ќе попуштат и нема да биде чудно ако голем дел од играчите заработат и повреди.

- Оглас -

Најнови вести