Леклер го одбрани домашниот терен во Монако, Ферстапен не успеа да дојде ниту до подиумот

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, е победник на трката за ГН на Монако, откако успеа да ја одбрани пол-позицијата, но и домашниот терен. Возачот од Монако беше во водство од почетокот до крајот и воопшто не беше загрозен од Оскар Пиастри кој заврши на втората позиција. Подиумот го комплетираше вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц.

Светскиот шампион, Макс Ферстапен, трката ја заврши на шесттата позиција, а она што е интересно првите 10 возачи ги задржаа истите позиции како и на стартот.

Здедавната трка во Монте Карло попладнево не беше така здодевна на почетокот. Веднаш на стартот после еден мал контакт на Пиастри и Сајнц, возачот на Ферари се откажа, но имаше среќа бидејќи стартот беше поништен после големиот судир во кој учествуваа двајцата возачи на Хас, Хулкенберг и Магнусен, како и возачот на Ред Бул, Перес. Така Сајнц доби втора шанса да стартува и на крајот да дојде до подиумот.

- Оглас -

Најнови вести