Леклер и по две победи, тврди: Не сум главен пилот во Ферари

Иако победи на две трки по ред и во последниот период бележи подобри резултати од клупскиот колега Себастијан Фетел, младиот пилот на Ферари, Шарл Леклер, е скромен и вели дека не е главен возач во италијанскиот тим.

Леклер, кој триумфираше на трките во „Спа“ во Белгија и „Монца“ во Италија, тврди дека ништо не е променето во односите во тимот и неговиот статус во „црното коњче“.

„Не се чувствувам како прв пилот во тимот. Не знам како ви изгледа од надвор, но внатре во тимот сè е избалансирано. Имаше ситуации кога му помагав на Себастијан, некогаш тој ми помагаше мене. Само така тимот може да оди напред. Ако имаш пилот кој е егоист и се интересира само за себе, тоа не е добро“, изјави Леклер.

Викендов се вози трката за големата награда на Сингапур. Патеката „Марина беј“ е една од омилените на пилотите бидејќи се вози ноќе под рефлектори, физички е напорна, влажно е времето, патеката е долга над 5 километри и како за улична, има релативно многу долги правци, па може да се престигнува.

- Оглас -

Најнови вести