Леклер и во Сочи ќе биде кандидат за победа

Макс Ферстапен од Ред Бул ги раздвои пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, на првиот слободен тренинг на патеката во Сочи, каде што в недела се вози трката за Големата награда на Русија во Формула 1.

Леклер беше најбрз на првиот тренинг, само со 82 илјадитинки подобро време од Ферстапен. Трети беше Фетел со 543 илјадитинки побавно време од клупскиот колега, а на четврто и петто место се најдоа членовите на Мерцедес, Валтери Ботас, односно Луис Хамилтон. Разликата е што Ферари и Ред Бул возеа со меки гуми, кои се најбрзи и најбрзо се трошат, а Мерцедес со малку потврдите и поиздржливи медиум.

Првата тренинг-сесија не ја комплетираше само домашниот Данил Квјат од Торо Росо.

Денеска се вози и вториот слободен тренинг, а утре се официјалните квалификации, кои може да бидат показател на кои болиди најмногу им одговара патеката во Русија. Лани во Сочи триумфираше светскиот првак Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести