Ленард се изолираше од јавноста, сака во мир да ги разгледа трите опции

Иако максималниот договор од Торонто уште стои на маса за Кавај Ленард, многу попримамливи се понудите на ривалите од Ел-Еј. Лејкерс и Клиперс важат за фаворити за потписот на најкорисниот играч од последното финале на НБА, но во таборот на актуелниот шампион се надеваат дека Кавај ќе остане во франшизата од Канада.

Екипите од Лос Анџелес засега имаат еден услов од претставниците на Ленард, да не контактираат со медиумите и да не шират шпекулации додека тој ги разгледува нивните понуди. Лејкерси претходните неколку дена одржаа состанок со кошаркарот, а по врбувањето на Леброн Џејмс и Меџик Џонсон, се верува дека токму 16-кратниот првак на НБАќе ја добие трката за потписот на Ленард.

Клиперси, пак, сметаат дека е доволно што на Ленард му нудат позиција на прва ѕвезда во тимот, но шансата да се биде дел од „големата тројка“ со Џејмс и Дејвис се чини дека ќе пресуди за поранешниот играч на Сан Антонио да се одлучи да го облече жолто-виолетовиот дрес.

Лејкерс и Клиперс имаат адут повеќе што ќе му овозможат на Ленард да се врати во родниот Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести