Лено, со две одбрани во пенал-рулетот го елиминира Ливерпул од Лига купот на Англија

Арсенал се пласира во четвртфиналето од Лига купот на Англија откако славеше против Ливерпул на „Енфилд“ со 5-4 во пенал-рулетот. За разлика од минатосезонската пресметка во истото натпреварување, во која Ливерпул и Арсенал ремизираа со високи 5-5 и решаваа во пенал-рулет, овојпат мрежите мируваа на „Енфилд“ во регуларните 90 минути.

Топчиите се реваншираа за поразот од 3-1 од пред три дена во Премиер лигата, а голманот Бернд Лено се истакна како херој за гостите од Лондон, со две одбрани во изведувањето пенали.

Лено прво му одбрани на Ориги во третата рунда, а потоа и на Вилсон по што Вилок го реализира клучниот пенал за тимот на Артета.

Претходно Брентфорд го совлада Фулам со убедливи 3-0, Стоук славеше на гости кај Астон вила со минимални 1-0.

 

- Оглас -

Најнови вести