Ленс промаши пенал, па убедливо загуби од ПСЖ (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ продолжуваат со одличните игри во домашното првенство, откако вечерва го совладаа Ленс на гостински терен со 0-2.

Домашните уште во шесттата минута имаа шанса преку Франковски да дојдат во водство, но тој не успеа да реализира пенал, па Бредли Баркола во 30-тата минута ги казни домашните и го доведе ПСЖ во водство од 0-1.

Конечните 0-2 ги постави Килијан Мбапе во 89-тата минута, кога домашните веќе тргнаа на се или ништо. ПСЖ со оваа победа само се зацврти на првата позиција во француското првенство и веќе има +8 од второпласираната Ница.

- Оглас -

Најнови вести