Леонардо бара фудбалска бомба за да го раздрма ПСЖ – Ако се разбуди Роналдо, ние сме први фаворит да го купиме

Бразилецот Леонардо не крие дека е симпатизер на Португалецот Роналдо и најавува дека ако постојат и минимални шанси ЦР7 да си замине од Торино, тогаш се знае, Пари Сен Жермен ќе биде клубот што ќе го купи извонредниот фудбалски атлета.

„Ако се разбуди Роналдо и посака да си замине од Јувентус, тогаш ПСЖ е во првиот ред на листата со фаворити за да го купи. Тоа би бил сензационален трансфер и сè додека постои и минимална шанса да игра за нас, нема да се откажеме. Ни треба таква фудбалска бомба за да ги размрдаме и осетно да ги засилиме нашите редови“, вели Леонардо.

Подолго време се шпекулира дека Кристијано сака да си замине од Јувентус, но засега нема реална поткрепа. Португалецот игра импресивно и во клубот од Торино, дава голови и се наметна како лидер на најтрофејниот италијански клуб и засега нема реални најави за негово заминување и евентуален трансфер во ПСЖ или во кој било друг клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести