Лесни победи за домаќините Германија и Данска

Германија на искуство го доби дуелот против Исланд со 24:19, па сега домаќинот се израмни со Франција по бројот на бодови за врвот на групата Е во борбата за пласман во полуфинале. Во „Ланкес“ арената во Келн, избраниците на Кристијан Прокоп во свој стил стигнаа до ново славје на ракометниот Мундијал, не дозволувајќи му на противникот да постигне голем број на погодоци.

По првите 30 минути Германците имаа удобна предност од четири гола која ја задржаа со самиот финиш, а во еден момент имаа и највисоки +6 на средбата.

И вториот домаќин на Светското првенство, селекцијата на Данска оствари лесна победа против Унгарија со 25:22, па така Данците исто како и Шведска остануваат максимални. Микел Хансен со седум погодоци ја предводеше својата репрезентација, која од стартот на мечот ја презеде контролата и во ниту еден момент не дозволија да биде неизвесно.

Аргентина ја победи Австрија со 24:22, што значи дека утре ќе играат против Србија во дуел за 17-тото место на ова СП.

- Оглас -

Најнови вести