Лесно се откажавме од топ-голгетер – Итра реакција на Јаховиќ за нов погодок (Видео)

Адис Јаховиќ постигна прекрасен и необичен гол за Јени Малатија, екипа која успеа да го победи фаворитот Басакшехир со 3:0 во меч од премиерното коло во турското првенство.

Нашиот интернационалец извонредно реагираше во 88-мата минута и постигна гол со глава, во тој момент за предност на домаќинот од 2:0, а потоа и Фофана се запиша во листата на стрелците за убедливи 3:0. Првиот гол за Малатија беше дело на Гилјерме, а сите три погодоци беа постигнато во второто полувреме.

Голот на Јаховиќ и останатите два за Малатија против Басакшехир можете да ги погледнете ОВДЕ.

Јаховиќ продолжува да ги тресе мрежите и сезонава, како и во претходните кога беше и член на Гезтепе и на Коњаспор. Како играч на Гезтепе имаше супер учинок и за година и пол на 49 меча постигна 35 голови, пред да се пресели во Коњаспор.

И за следниот тим имаше двоцифрен број голови, 11 на 42 меча, а во ист стил продолжува и во Малатија. На почетокот на новата сезона, прва за него во новиот клуб, на пет одиграни меча постигна четири гола. Ги тресеше мрежите на Олимпија, и тоа двапати во двомечот од квалификациите за настап во Лигата на Европа, а потоа му даде гол и на Партизан на домашен терен во реванш-дуелот за настап во фаза по групи во ЛЕ.

Со овој вчера против вицешампионот на Турција има четири од пет како играч на Јени Малатија. За репрезентацијата на Македонија, Јаховиќ веќе не добива покани од селекторот Игор Ангеловски по кавгата пред неполни две години, по мечот во Струмица против Лихтенштајн.

 

- Оглас -

Најнови вести