Лесно се станува милионер во Sport Life – Само со пет пара и коефициент 257 ја проби магичната граница со 7 цифри (Фото)

Само со пет пара на тикет и со вкупен коефициент од 257 обложувач во објект на Sport Life во Тетово стана нов милионер. Со тоа продолжи низата од играчи што ја пробија магичната граница со седум цифри, а овојпат и уплатата е голема и изнесува 3.900 денари.

Сите пет натпревари се играа во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата е по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.

Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најави победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, таман за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life.

И вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекаше двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен.

Двоен стрелец за гостите беше Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60.

МИРУВАА МРЕЖИТЕ ВО АНТАЛИЈА СО МАЈСТОРСКИ ОДИГРАН ТИП ПОЛУВРЕМЕ-КРАЈ

Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир. За да нема многу драма, се погрижија и играчите на двата тима во вистинска приспивна претстава на стадионот во Анталија, што заврши без голови.

За добивка од еден милион денари на тикетот останаа уште два натпревари од Англија од 16 часот, а одиграни се единици на Барнсли против Милвол и на Мансфилд со Моркамб.

Поранешниот тим на Ѓорѓи Христов, Барнсли, е во одлична серија од пет победи по ред, успеа да слави и против Милвол со 2:1 и се доближи до плејоф-зоната за пласман во Премиер лигата, а што е најважно, победи и за огромна добивка во Тетово. Коефициентот за единица на овој меч беше 2.18 во Sport Life.

Ризичен беше изборот на вториот дуел од Англија, што е на добитниот тикет со вкупен коефициент од 257, а Мансфилд сепак успеа да ја сопре серијата од пет меча без победа и со триумф од 1:0 против Моркамб да ги освои бодовите и да донесе огромна радост и добивка од еден милион денари во Тетово. Единицата на дуелот од Лига два во Англија беше со квота од 2.30 во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести