Кошаркарите на Партизан со победата од 104:90 над Реал Мадрид, дојдоа на чекор до освојување на една од првите осум позиции на табелата кои носат пласман во плејофот, а по мечот, центарот на Црно-белите, Матијас Лесор, повторно имаше свое шоу со навивачите, популарните Гробари.
Веднаш по големата победа, Лесор дојде до трибината во „Штарк арената“ каде се наоѓаат најверните навивачи на Партизан, го зеде мегафонот и го поведе навивањето.
Заедничката радост и навивање на Лесор и кошаркарите на Партизан со навивачите траеше повеќе од 15 минути.
https://twitter.com/i/status/1641906048972779524
https://twitter.com/i/status/1641904923871793154
https://twitter.com/i/status/1641905624190517251