Лестер има нов тренер, го чека тешка битка за опстанок во Премиер лигата

Дин Смит е нов тренер на англискиот Лестер и единствена задача до крајот на сезонава ќе му биде да го остави тимот во Премиер лигата.

Лисиците се во непријатна позиција, па го смени Брендан Роџерс и на негово место го постави Смит, кој во минатото има работено во Астон вила, Норвич и Брентфорд. Во 2019 година ја врати Вила во Премиер лигата, а договорот со Лестер му е до крајот на сезонава.

Во стручниот штаб како помошници ќе му бидат легендата Џон Тери и Крег Шекспир, кој му помагаше на Клаудио Раниери во шампионската сезона 2015/2016. Дебито на клупата на Лестер, Смит ќе го има в сабота на гости против првакот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести