Лестер ќе мора да се помачи за пласман во финалето на Лига купот

Лестер ќе мора да се помачи најмалку уште 90 минути за да игра во финалето во Лига купот на Англија откако Лисиците вечерва на свој терен ремизираа 1:1 со Астон вила.

Домаќините дури и се спасија од пораз со голот на Ихеначо во 75-тата минута, откако Вила поведе во првиот дел со голот на Фредерик Гилбер.

Лестер досега има играно пет финалиња, во кои трипати го освои Купот. Лисиците сè уште имаат шанса за првпат по 2000 година да играат во завршниот меч за пехарот, ако успеат да ја надиграат Вила на гости за 20 дена.

Во второто полуфинале Манчестер сити има голема предност од 3:1 пред реваншот на свој терен против градскиот ривал Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести