Летаат голови во Лондон, Тијаго Силва стана најстар стрелец во историјата на Челзи (Видео)

Челзи има предност од 2-1 на гостувањето во соседското лондонско дерби против ривалот Вест Хем.

Првиот гол за Сините кои денеска играат во жолти дресови, беше бразилскиот ветеран Тијаго Силва. Тој со 37 години и 73 дена, ја помести границата за најстар стрелец на премиерлигашки гол во клупската историја на Челзи.

Домашните изедначија од пенал со гол на Ланзини, а за Челзи убав гол во финиот на првото полувреме даде и Мејсон Маунт.

https://twitter.com/i/status/1467116493670428674

- Оглас -

Најнови вести