Летна проектил покрај Жута – Ексмакедонскиот репрезентативец го виде најубавиот гол во Серија Б (Видео)

Ленард Жута беше непосреден сведок на еден од најубавите голови во Серија Б во досегашните 14 кола, а беше немоќен да го спречи проектилот на Габриел Стрефеца, кој мина покрај него и се заби во мрежата на Лече.

СПАЛ со евроголот на Стрефеца го доби дербито на 14-тото коло во Серија Б против тимот за којшто игра поранешниот македонски репрезентативец.

Spal 1 -0 Lecce – Gabriel Strefezza 79′ nice goal from soccer

Жута, кој има 15 настапи за македонската репрезентација, го одигра целиот меч, но не успеа да се радува со својот нов тим. Ова лето потпиша за Лече, а пристигна како засилување од Хакен во обид тимот да се врати во Серија А.

Моментно Лече е на осмата позиција во Серија Б, последна што гарантира настап во дополнителниот бараж за последното трето место во повисок ранг на натпревари, но тимот е во криза и нема победа на последните пет натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести