Летната бомба пред експлозија, Тотенхем се согласил да го продаде Кејн во Манчестер сити

Трансферот на Хари Кејн од Тотенхем во Манчестер сити е чекор поблиску откако повеќе добро информирани англиски медиуми објавуваат дека лондонските Петли се согласиле да ја продадат својата ѕвезда, и тоа за 160 милиони фунти, што би бил втор најскап трансфер во историјата на фудбалот и убедливо најскап трансфер за еден премиерлигашки клуб.

Кејн, кој од својата 11-та година беше во Тотенхем, за клубот даде 221 гол на 336 меча, во Сити ќе заработува 400.000 фунти неделно (16 милиони евра годишно). Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, досега не сакаше да го продаде Кејн во друг англиски клуб, но конечно попушти откако сфати дека ниту еден странски клуб не е подготвен да издвои толку голема сума пари.

По пристигнувањето на Кејн, кое наскоро ќе стане и официјално, Граѓаните ќе треба да продадат некој од офанзивците, а фаворити за заминување се Бернардо Силва и Габриел Жесус.

- Оглас -

Најнови вести