Летонците најавија бункер во Скопје, Македонија ќе мора да го разбива

Виталис Максименко не ја крие тактиката на Летонците, да одиграат бункер-систем во Скопје, утре против Македонија од 20.45 часот, а целта на гостите е да стигнат до бод.

Бекот на Олимпија изјави дека Летонија ќе се обиде со цврста одбрана да им се спротивстави на добрите техчичари во македонскиот состав.

„Македонија има квалитетна репрезентација, а тоа го потврдуваат и резултатите во Лигата на нациите. Ќе треба да дадеме максимум за да останеме непоразени. Треба да внимаваме на Горан Пандев, кој е голем мајстор на фудбалската игра. Македонците имаат уште неколку одлично технички потоковани фудбалери, а ние ќе треба да им се спротивставиме со цврста игра и бедем пред нашиот гол“, изјави бекот на Летонија.

Утре двете селекции ќе ја имаат премиерата во групата Г од новите квалификации за настап на Европското првенство во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести