Летонците заедно постигнаа помалку голови од македонското трио

Македонија е апсолутен фаворит за стартна победа против Летонија. Во сите фудбалски сегменти бевме подобри од нив во премиерното издание на Лигата на нациите и ако се суди според формата, победата не би требало да ни биде проблем задутре во Скопје од 20.45 часот.

Нашата репрезентација има и подобри индивидуалци, кои играат во клубови во Италија, Шпанија, Португалија, Англија…, додека Летонците немаат таква класа играчи.

Имаат десеттина интернационалци во составот кој треба денеска да допатува во Скопје, а „странците“ им играат во Полска, Швајцарија, Холандија..

И најголем проблем им е реализацијата, што треба да го решава новиот селектор Славиша Стојановиќ. Во премиерното издание на Лигата на нациите беа во нашиот сегмент Д, но во првата група и не победија никого.

Со четири нерешени и два порази го поделија последното место со Андора, зад Казахстан и Грузија. И постигнаа само два гола на шесте натпревари, односно сите заедно помалку од индивидуалниот учинок на нашите репрезентативци Илија Несторовски, Александар Трајковски и Езџан Алиоски, кои постигнаа по три гола и еднакво како и Горан Пандев и Енис Барди со по два погодоци.

Македонија има супер шанса да ги почне квалификациите за ЕП 2020 година со победа бидејќи Летонците се противник по мерка за старт на нов циклус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести