Лев има сериозни проблеми пред европскиот класик со Англија

Антонио Рудигер тренираше одвоено од соиграчите во германската репрезентација поради настинка, а Илкај Гундоган воопшто и не беше на денешниот тренинг на „Елфот“ на два дена пред големото дерби на Евроспкото првенство против Англија.

Германија и Англија ќе играат задутре во осминафиналето на „Вембли“ во Лондон, а Јоаким Лев има неочекувани проблеми.

И Рудигер и Гундоган се стандардни играчи на Германија, но сега е неизвесно дали ќе играат. Стоперот Рудигер е настаинат, а Гундоган има повреда на главата и можно е и двајцата да не играат во вторник од 18 часот.

Германците најавија дека и двајцата утре ќе патувата за Англија, заедно со Томас Милер, кој има проблеми со коленото, а во авионот за Лондон нема да биде само Лукас Клостерман.

Германија и Англија ќе го играат стариот добропознат европски фудбалски класик во осминафиналето и еден од двата гиганти ќе мора да го заврши настапот на ЕП во првата елиминациска фаза.

Германците се најуспешната нација во Европа, заедно со Шпанија, а и двете селекции имаат по три шампионски круни, додека Гордиот Албион се надева на првиот европски пехар.

 

- Оглас -

Најнови вести