Лева не дава Баерн да падне, шампионот избегна сензација против Падерборн

Роберт Левандовски со голови го држи Баерн на врвот на табелата во Бундеслигата, а вечерва со 25. погодок сезонава во германското првенство му донесе победа на шампионот.

Популарниот Лева погоди во 88. минута за триумф од 3:2 против фенерџијата Падерборн. Гостите храбро се бореа, иако се последни на табелата во германското првенство и двапати израмнуваа.

Поведе Баерн со погодокот на Гнабри во 25. минута, а во финишот на првиот дел се случи најубавиот момент на мечот. Денис Србени со прекрасни дриблинзи ги нанижа одбранбените играчи на Баерн, вклучувајќи го и голманот Нојер и израмни на 1:1.

Но, потоа на сцена стапи Левандовски со два гола за победа на фаворитот и за прво место на табелата со 49 бода. Вториот гол за Падерборн го постигна Мичел во 75. минута, а оваа екипа останува на последното место со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести