Левандоски ја откри тајната зошто е толку добар сезонава

Роберт Левандовски игра во животна форма. Голгетерот на Баерн Минхен е незадржлив, па сезонава во 20 меча даде 27 погодоци за германскиот гигант. Ниту еден друг фудбалер во Европа нема таков биланс.

На последниот меч што го одигра, Левандовски постави и еден рекорд кој тешко дека ќе биде достигнат во брзо време. Успеа да постигне четири гола на дуелот против Црвена ѕвезда во рамките од Лигата на шампиони и тоа за само 14 минути и 32 секунди. Никој претходно не дал четири гола во ЛШ за толку кратко време.

Левандовски е најдобар стрелец во клупската историја на мечевите од ЛШ, а втор најдобар голгетер зад Герд Милер во историјата на најтрофејниот германски клуб.

„Роберт има тело како Арнолд Шварценегер. Видете само какви мускули има“, потенцираше извршниот директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

За да дојде до такво тело и таква форма, најзаслужна е жена му на Левандовски, Ана. Таа е поранешна шампионка во карате, а сега е фитнес инструктор и советник за здрава исхрана. Токму Ана му има направено специјално мени за исхрана на Роберт, а му дава и соодветни вежби за да има совершена физичка подготвеност.

Освен вежбањето и исхраната, напаѓачот на Баерн многу внимана и на одморот, односно сонот. Ана во најситни детали го анализирала начинот на кој спие нејзинито сопруг, а креветот го поставила на вистинскиот агол за влегување на светлината во собата.

Сите овие детали имаат удел во формата на Левандовски, но сепак, ако Полјакот го немал талентот кој го покажува во текот на последните неколку години, џабе ќе беа сите останати подготовки за добар меч.

 

- Оглас -

Најнови вести